Пеп го доби детето од „Ла Масиа“ вредно 60 милиони евра!

Еден од најголемите трансфери оваа зима е завршен. Нико Гонзалес и официјално е играч на Манчестер Сити.

По 75 милиони за Мармуш, 40 милиони за Хусанов, 37 милиони за Реис и 6 милиони за Ба, Нико Гонзалес пристигна од Порто за 60 милиони евра.

Младиот шпански играч за врска во наредниот период ќе се обиде да го замени повредениот сонародник Родри

Договорот меѓу Нико Гонзалез и Манчестер Сити е потпишан на четири и пол години. Од овој трансфер ќе заработи и Барселона, се очекува тоа да биде сума од 10 милиони евра заради клаузула во договорот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.