Пеп: Едерсон нè остави во игра, вечерва среќата ни беше сојузник

Манчестер Сити по подоброто изведување на пенали го крена пехарот од Суперкупот на УЕФА, Севиља може да жали што не триумфираше затоа што имаше доволно шанси за да победи.

Во првите четири серии сите фудбалери погодија, во петтата за Сити реализираше Вокер, а Гудељ од Севиља ја погоди пречката и почна радоста за англискиот тим кој првпат во историјата го освојува овој пехар.

Пеп Гвардиола по третпат, со трета различна екипа го освои ова натпреварување, но му оддаде признание и на ривалот. 

„Севиља е одлична екипа и ни создаде многу проблеми. Посебно лоши ни беа првите десет минути, во кои Ен Незири и Окампос имаа шанси за гол. Потоа почнавме да ја играме нашата препознатлива игра и можевме и да победиме во регуларниот тек. Сепак, мора да се каже дека Ен-Незири имаше шанси за двојна предност и Едерсон нè остави во живот. Таков е фудбалот, пред некој ден загубивме на пенали, а сега се радуваме по казнени удари.

Вокер беше решителен да шутира пенал, но имаше и многу среќа. Задоволен сум, освоивме уште еден трофеј, но не сум многу среќен што ќе играме во Премиер лигата в сабота, а не в недела како што очекував“, рече Гвардиола. 

 

Њукасл Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“ ќе биде следниот премиерлигашки ривал на шампионот на Англија и Европа.  

Состави

Пеп Гвардиола

4-2-3-1

    Диего Алонсо

    4-2-3-1