• Горан Упале
Пеп Гвардиола вечерва би можел да му „врачи отказ“ на својот поранешен играч Чаби Алонсо. Упатените медиуми блиски до Реал Мадрид пишуваат дека клубот веројатно ќе го отпушти тренерот Алонсо поради резултатската криза, во случај на пораз од Манчестер Сити. Пред натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите, тренерот на Сити коментираше на оваа тема.
„Да се биде тренер на Реал Мадрид е најтешката работа во фудбалот. Да ги имав резултатите што ги имав во Сити минатата сезона во Реал Мадрид, ќе бев отпуштен за шест месеци“, рече Гвардиола.
Тој и тимот доживеаа катастрофален неуспех минатата сезона. По четири последователни титули во Англија, тие завршија на третото место во Премиер лигата, 13 бода зад шампионот Ливерпул. Го загубија финалето на ФА Купот од Кристал Палас, а во Лигата на шампионите беа елиминирани од Реал во плеј-офот за нокаут фазата.
Алонсо сега се соочува со отпуштање од Реал Мадрид откако победи само на два од последните седум натпревари.







