• Горан Упале

Сезоната во фудбалска Англија започнува со денешниот натпревар меѓу шампионот Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, освојувачoт на ФА Купот. Градските ривали играат на „Вембли“ од 16:00 часот за трофејот во Суперкупот или како што официјално се нарекува Комјунити Шилд.
На прес-конференцијата пред натпреварот, новинарите го прашаа Пеп Гвардиола дали е загрижен што ривалите Јунајтед и Арсенал трошат многу пари на засилувања ова лето. Менаџерот на Сити даде одговор кој стана вирален:
„Јунајтед и Арсенал го прават тоа многу години, но тоа не е евст. Вест е само кога Манчестер Сити троши пари.
Мојата грижа, секако, е што веќе силните тимови се засилија. Сето тоа го прават за да ја земат круната, која е кај нас веќе четири години“.
Инаку, Манчестер Јунајтед летово ги доведе стоперот Лени Јоро за 62 милиони евра и напаѓачот Џошуа Зиркзе за 42 милиони евра. Арсенал за 45 милиони евра го доведе дефанзивецот Рикардо Калафиори. Сити засега е невообичаено штедлив. Тој штотуку го купи десното крило Савињо за 25 милиони евра, но од Троа, клуб кој исто така е дел од семејството на Сити Фудбал Груп од Обединетите Арапски Емирати.