Пеп беше прашан за Суперлигата: „Нема да зборувам сега на таа тема“

Утревечер бразилски Флуминенсе и актуелниот европски шампион Манчестер Сити го играат финалето на Светското клупско првенство, а ден пред големиот натпревар стигна веста дека Спортскиот суд пресудил дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законите кога ја забраниле Суперлигата пред две години. Тоа не значи дека повторно ќе се формира Суперлига, туку само дека тоа може да се случи во иднина. Основачи на Суперлигата се челниците на моќните европски клубови Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Реал и Барса со ентузијазам ја прифатија пресудата, но сè уште има многу големи клубови кои се против таквата идеја. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше прашан од новинарите да даде коментар на оваа тема.

„Нема да коментирам неколку часа пред финалето. Нема да зборувам за тоа. Имаме време да размислиме. Клубот и нашите адвокати ќе одлучат што треба да направат“, рече Пеп.

Сепак, се чини дека „граѓаните“ веќе ја донеле одлуката.

„Во 2021 година Манчестер Сити официјално потврди дека се повлекува од идејата за Суперлигата. Нашиот став останува непроменет. Остануваме посветени на вредностите на европскиот фудбал и ќе продолжиме да соработуваме со други клубови и да учествуваме само во натпреварите организирани од УЕФА“, стои во соопштението на Манчестер Сити.

Финалето во Саудиска Арабија, кое што ќе го даде новиот светски шампион, е закажано за в петок, од 19:00 часот.