ВИДЕО: Пењарол немаше сили за подвиг, закажано бразилско финале во Копа Либертадорес

Звучи изненадувачки, но две бразилски екипи ќе играат во финалето на Копа Либертадорес и тоа во Аргентина. Ботафого и Атлетико Минеиро ќе се сретнат во натпреварот за титулата на „Монументал“ во Буенос Аирес на 30 ноември.

Ботафого во полуфиналето го елиминира уругвајскиот гигант Пењарол и тоа со вкупни 6-3. На првиот натпревар во Рио Де Жанеиро, Ботафого го победи својот ривал со 5-0. Реваншот синоќа му припадна на Пењарол со 3-1.

  • Извештај од натпреварот: 

Хаиме Баез ги постигна првите два гола за Пењарол, но голот на Тиаго Алмада ги сруши нивните надежи за пресврт и чудо. Во самиот финиш Факундо Батиста го постигна третиот гол за уругвајскиот првак и го постави конечниот резултат.