Пендаровски: Се надевам дека овој трофеј во иднина ќе заврши кај капитенот на Македонија!

„Златната божица“, најпрестижниот трофеј во светот, денес беше претставен во Скопје. Претседателот на државата, Стево Пендаровски ја имаше таа привилегија да го подигне златниот пехар на ФИФА, а пред присутните во Скопската пивара им се заблагодари на организаторите за честа Македонија да биде една од ретките земји учеснички на оваа турнеја.

„Сакам да им се заблагодарам на ораганизаторите и на спонзорт на овој настан, како и на Светската фудбалска федерација, што ни овозможија вакво задоволство и чест да бидеме една од ретките земји каде е претставен трофејот наменет за светскиот шампион. Од 211 земји членки на ФИФА, само во овој трофеј ќе патува само во 56 земји,од кои 32 веќе се во Катар, а ние сме во останаите 19 држави. 

Јас се надевам дека во блиска иднина, наместо претседателот на државата, овој трофеј ќе биде високо кренат и од капитенот на македонската фудбалска репрезентација.  Верувам дека тоа не е недостижно и нема долго да чекаме на тој момент. Се надевам на одлично Светско првенство во Катар“, рече првиот човек на Македонија.

Македонија како никогаш досега не била толку блиску до пласман на еден планетарен собир. Во полуфиналниот бараж за Катар ја совлада големата Италија, но во финалето беше сопрена од Португалија.