Пенанен: Најубаво нешто по мечот со Вардар? Последниот судиски свиреж!

Капитенот на финскиот шампион, Петери Пенанен, по натпреварот со Вардар иако неговиот тим загуби, беше радосен за пласманот во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Што беше најубаво во овој наш домашен натпревар? Последниот судиски свиреж! Мислам дека подобриот тим оди понатаму во овој двомеч, иако беше возбудливо да се игра во Лигата на шампионите со ваков ривал“, изјави Пенанен.

Екипата од Куопио заради победата од 2-0 во Скопје и вкупниот резултат 4-3 останува во елитното друштво и во второто коло ќе игра со Сабах од Азербејџан или ТНС од Велс, додека Вардар го чека двомеч во Конференциската лига со Рига од Летонија.