„Пеналот беше престрого досуден, тоа го реши победникот на мечот“

Селекцијата на Хрватска ги оправда очекувањата и со победа ги стартуваше настапите на Светското првенство во Русија. „Коцкестите“ со сигурни 2-0 славеа над незгодната Нигерија, која според селекторот Гернaт Рор потфрли во дуел играта, а истакна дека противникот доби подарок-пенал. 

„Не одигравме професионално и одговорно при прекините, тоа го реши овој дуел. Дуел играта е нашата слаба страна и тоа беше разликата. Се разбира кога ќе загубиш не е добро, Хрватска беше одлична, а ние правевме многу неочекувани грешки. На крај сакам да кажам дека досудениот пенал беше престрог досуден, да не беше тој можеби ќе стигневме до бод“, вели Германецот на клупата на африканската селекција. 

Можност за првата победа на овој Мундијал, Нигерија ќе има за пет дена кога ќе се сретне со Исланд, додека Хрватска го игра дербито со Аргентина.