ВИДЕО: Пеналите кобни за Гана, Тунис е последниот четвртфиналист

Репрезентацијата на Тунис е последниот четвртфиналист на Купот на Африка кој се одржува во Египет. Во најдраматичното осминафинале, Гана се спаси од пораз во регуларниот тек со израмнувачки автогол на Рами Бедуи во судиското надополнување.

По 1-1 во 120-минутно надигрување, пеналите решаваа за четвртфиналистот. Калеб Екубан единствен не погоди од белата точка и Тунижаните славеа со 6-5.

Извештај од натпреварот:

Четвртфинале:
Јужна Африка - Нигерија
Бенин – Сенегал
Тунис – Брегот на Слоновата коска
Мадагаскар - Алжир