• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар дојде до предност во дуелот со Беса од најстрога казна досудена пред крајот на првиот дел.
„Црвено-црните“ заслужено добија најстрога казна откако Љамалари беше невнимателен и го фаулира Јанкулов, а одговорноста ја презеде Горан Закариќ кој со шут во горниот дел од голот го надмудри Костадин Захов.
Вардар и Беса играат директен дуел во долниот дел на табелата. Бодовите се повеќе важни за гостите, но вардарци се во страшна форма оваа пролет.