ВИДЕО: Пенал-рулетот за Спортинг, Ристовски го освои португалскиот Лига Куп

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски го освои португалскиот Лига Куп, откако по изведувањето пенали славеше против Виторија Сетубал (5-4). Гонсало Пасиенсија во четвртата минута ги доведе фудбалерите од Сетубал во водство, а Бас Дост во 80. минута израмни од пенал, откако Томас Подставски играше со рака во шеснаесетникот.

Пенал рулетот беше драматичен, а само едно промашување на претпоследно пласираниот тим од Сетубал беше доволно Спортинг да го освои првото натпреварување во португалскиот фудбал оваа сезона. 

Стефан Ристовски не доби шанса и целиот натпревар го одгледа од клупата, но по двојната круна со Ријека, го освои првиот трофеј и со новиот клуб, Спортинг од Лисабон.