ВИДЕО: Пенал-рулетот кобен за ВБА, Астон Вила ќе игра финале на „Вембли“

210 минути не беа доволни да го добиеме првиот финалист на плеј-офот на Чемпионшип лигата меѓу локалните ривали Вест Бромвич Албион и Астон Вила. На првиот натпревар на „Вила Парк“ резултатот гласаше 2-1, додека вечерва на реваншот ВБА славеше со 1-0, но во Англија не важи правилото гол во гости, па така мечот замина во продолженијата, а потоа и дојдеи до пенали. Во фудбалската лотарија повеќе среќа имаше Астон Вила, која со 4-3 обезбеди борба за промоција во Премиер лигата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Единствениот погодок во регуларните 90 минути беше дело на дефанзивецот Крег Доусон, кој на асистенција на Холгејт со глава го совлада Стир и донесе огромна радост на трибините. 

Во продолжение Вила беше тимот кој константно напаѓаше, имаше неколку изгледни шанси за израмнување, но ВБА на голот го имаше фантастичниот Јонстон, кој вечерва беше несовладлив.

Како и на првиот натпревар, така и вечерва, ВБА со играч помалку го заврши мечот, откако искусниот Брант во 80. минута заработи втор жолт картон и го остави својот тим на „цедило“, но Вила не успеа да го искористи тоа, ниту во дополнителните 30 минута, па така патникот во финалето мораше да биде решен по изведувањето на ударите од 11 метри. Во пенал-рулетот поуспешен беше тимот на Астон Вила, благодарение на голманот Стир, кој одбрани два пенали во низа. 

Во големото финале на „Вембли“, кое ќе го даде последниот патник во Премиер лигата, Астон Вила ќе се сретне со поуспешниот од второто полуфинале меѓу Дерби Каути и Лидс Јунајтед. На првиот натпревар гостинска победа од 0-1 извојува тимот на Езџан Алиоски.