ВИДЕО: Пенал ја поништи „петата“ на Грилич, Брага и Бетис ќе решаваат во Шпанија

Екипите на Брага и Бетис одиграа нерешено (1-1) во првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа, оставајќи голема неизвеност за реваншот кој ќе се одигра во Шпанија

Австриецот Флоријан Грилич донесе водство за португалскиот тим уште во петтата минута од мечот, а оваа предност остана и на паузата меѓу двете полувремиња. Бетис заигра далеку подобро во вториот дел, успевајќи да дојде до израмнување кое им носи нешто помирен реванш пред своите гледачи. 

Шпанскиот претставник се избори за удар од белата точка во 61. минута, а прецизен реализатор беше Кучо Хернандез. Имаше Бетис повеќе од играта во продолжение, шестпати се закани во рамките на голот, но не успеа да дојде до целосен пресврт. 

Патникот во полуфиналето ќе биде познат по вториот натпревар, кој ќе се одигра во Андалузија на шеснаесетти април. 

Состави

Carlos Vicens

4-3-3

    Мануел Пелегрини

    4-3-3