ВИДЕО: Пенал или престрога казна за Бетис? Дилеми околу одлуката на судијата Лахос

Иако Севиља го надигра својот градски ривал Бетис и забележа победа од 2-0, натпреварот беше отворен со полемичен пенал во 56. минута. Еден од најдобрите шпански судии, Матеу Лахос, покажа на белата точка по воздушниот дуел меѓу Бартра и Де Јонг. 

Дефанзивецот на Бетис високо скокна, се потпре на Холанѓанецот, а неговата агресивност Лахос ја казни со најстрога казна. ВАР-собата ја потврди неговата одлука, иако гостинските фудбалери протестираа со минути околу него.

  • Пеналот од Бартра врз Де Јонг: 

Пеналот во гол го претвори Лукас Окампос и го отвори патот кон победа на Севиља во второто градско дерби во Примера сезонава.