Жестоки протести во Кратово: Работнички „ограбен“ за пенал? (ВИДЕО)

Екипата на Силекс на домашен терен дојде до триумф над Работнички (1-0), но ситуацијата можеше да биде поинаква, ако судијата се одлучеше да свирне пенал при еден спорен момент во самиот финиш.

Еден од дефанзивците на кратовчани го сруши Баже Илијоски во казнениот простор, но главниот арбитар Димитар Мечкаровски реши да не покаже на белата точка. Следеа жестоки протести од „романтичарите“, кои децидно тврдат дека се ограбени.

  • Погледнете го спорниот момент во Кратово:

Силекс освои три бода, значајни во борбата за опстанок, додека Работнички со поразот на Градскиот стадион во Кратово направи чекор назад во битката за четвртото место кое може да носи излез во Европа.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23