ВИДЕО: Пенал и полемика на дождот во Севиља, историска Куп-титула за Сосиедад

Во натпреварот на векот на баскискиот фудбал и првото финале на Купот на Кралот меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, се радуваше номинално помалиот клуб од оваа шпанска покраина, по големо тактично надмудрување на „Ел Картуха“ во Севиља. Во финалето за сезоната 2019/20, Реал Сосиедад извојува победа од 1-0 (0-0) и ќе игра во Европа и следната сезона.

Моментот на одлука се случи во 63. минута, кога Ојарзабал ја трансформира најстрогата казна, матирајќи го Унаи Симон. Пеналот беше досуден заради прекршок од Ињиго Мартинез, кој не се прослави во дуелот со поранешната екипа. Полемика предизвика играта со рака на истиот фудбалер, кој заработи втор жолт картон и Атлетик Билбао мораше повеќе од половина час да игра со човек помалку. Иако од клупата на Марселињо се протестираше за најстрогата казна и црвениот картон, сепак судиите не ја сменија одлуката.  

И претходно и потоа се тактизираше, немаше многу зрели шанси за гол и одлучи тој еден момент на невнимание на одбраната на Марселињо.

За Реал Сосиедад ова е историски успех, прв трофеј од Купот во новиот милениум и славје за жителите на Сан Себастијан. „Сино-белите“ го подиграа својот трет трофеј во деветтото финале, а Атлетик Билбао Билбао не успеа да стигне до 24 титула во јубилејното 40-то финале.

Атлетик Билбао наскоро ќе игра во финалето на Купот за сезоната 2021/22, а ривал на Баскијците ќе биде Барселона.