• Иван Димовски

Вардар го доби „вечното“ дерби против Пелистер во ПМФЛ со 1-2 во Битола. Крајот на мечот на „Петар Милошевски“ понуди нов момент кој предизвика реакции, бидејќи Вардар победи со гол од белата точка.
Димитар Данев тргна во продор, имаше дуел со влечење со Петар Петковски, а откако влезе во шеснаесетникот асот на пелистерци со лизгачки старт го сопре крилото. Судијата Александар Грујоски без размислување покажа на белата точка, иако Петковски имаше и контакт со топката.
Пеналот за вардарци го реализира Горан Закариќ и со него скопскиот тим стигна до нова прволигашка победа.


