ВИДЕО: Пелистерци може да жалат, двете одбрани на Стевковски со кои ја спаси Струга

Екипата на Пелистер и по третиот домашен натпревар остана непоразен во Првата македонска фудбалска лига.Во петтото коло од домашниот шампионат „зелено-белите“ им откинаа два планирани бода на шампионот Струга Трим Љум (1-1). Стружани први поведоа, но во финишот од првото полувреме Пелистер се врати во игра и го израмни резултатот. 

Во второто полувреме „зелено-белите“ беа подобриот противник на теренот, а главен виновник што трите бода не останаа во Битола е гостинскиот голман Христијан Стевковски. 25-годишниот чувар на мрежата во завршницата зад своето име забележа две фантастични интервенции, првата при удар на Спиркоски, додека втората, во 95. минута по удар на Мирко Ивановски.

  • Двете одбрани на Стевковски против Пелистер:

Во следното коло Пелистер гостува кај Беса, додека Струга го игра дербито со Шкупи.