Пелистер задржа пет младинци, остануваат и понатаму меѓу „зелените“

Екипата на Пелистер носи нови засилувања, но ги чува и актуелните младинци. Пет имиња остануваат дел од тимот на битолчани и во следната сезона во ВМФЛ.

Боите на својот матичен клуб остануваат да ги бранат Бојан Стефановски, Стефан Ивановски, Мартин Андоновски, Христијан Торневски и Амир Фејзуловски.

Од управата на Пелистер најавуваат дека во наредните денови ќе биде разговарано и со останатите младинци на темата кој ќе остане, а кој ќе биде отстапен на позајмица во друг клуб.

Пелистерци во новата сезона ќе играат во единствената лига во ВМФЛ и важат за едни од кандидатите за највисок пласман на табелата.