• Горан Упале
Фудбалерите на Пелистер и Новаци го одиграа највозбудливиот натпревар од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига. Во Битола победа извојува номиналните гости со сигурни 1-3. Тимот на Костов врза две победи и постигна по три гола на двата натпревари пролетва.
- Новаци - Пелистер 1-2:
Зелено-белиот тим уште во раната фаза од средбата го отвори резултатот, откако Христов ја продолжи гол-серијата и погоди за 0-1. Овој резултат беше активен до 39. минута, кога Новаци со одлична тимска акција ја надмудри противничката одбрана и израмни на 1-1. Но, пелистерци само што тргнаа од центарот, одново ја казнија лошата организација во домашната одбрана и Спиркоски стрелаше за 1-2, резултат со кој се замина на одмор. Пелистерци и во второто полувреме имаа контрола на теренот и по еден прекин кој го изведе капитенот Благоја Љамчевски, Ѓорѓи Танушев непречен од никого ја смести топката во противничката мрежа за веќе комотни 1-3.
Екипата на Осогово конечно ги израдува своите фанови со победа во второлигашкото друштво. Тимот од Кочани по серијата од шест натпревари без триумф, пред својата публика одигра одличен натпревар против тимот на Тетекс и на крај славеше со сигурни 4-0 (2-0).
- Осогово - Тетекс 4-0:
Херој на Осогово беше офанзивецот Стојче Стојов, кој беше автор на првите два гола, од кои првиот беше вистинско ремек-дело од слободен удар. За домашниот тим во листата на стрелците се запишаа и Влатко Стојановски и Никола Стоиловски со голови во второто полувреме.
Фудбалерите на Беласица го приредија најголемото изненадување на колото, затоа што ѝ откинаа два планирани бода на Беса (1-1). Младите момци на Александар Стојанов не ја загубија самодовербата по поразот од Пелистер во претходното коло, и покажаа дека можат да се носат со најдобрите екипи во лигата. За струмичката гордост ова беше прво реми по пауза од четири кола (четири порази).
Детонит Плачковица останува перфектен на домашен терен, откако ја впиша и деветтата победа од девет натпревари оваа сезона и повторно не прими гол. Екипата од Радовиш, по поразот од Вардар Неготино во претходното коло, попладнево потешко од очекуваното го среди Скопје со минимални 1-0. Голот вреден три бода за Детонит беше постигнат во судиското надополнување.
- Победа - Башкими 0-1:
Минимални победи од по 0-1 извојуваа и екипите на Башкими во Прилеп против Победа и Вардар Неготино на гости кај Кожуф.
- Кожуд - Вардар Неготино 0-1:
Најефикасниот натпревар од денешната програма го одиграа екипите на Саса и Арсими, кој заврши со славје на гостите од 2-3.
И покрај ремито Беса останува сигурна на лидерската позиција на табелата, Пелистер е втор со пет помалку, додека Детонит е на третото место. Во борбата за опстанок Осогово се доближи на само еден бод до Победа, која е прва над „црвената“ зона.