Пелистер со реакција кон вардарци: Прослава не смее да биде навредлива и примитивна!

Во „бурата“ на реакции поради славјето на играчите на Вардар со навредлива песна кон битолчани се приклучи и фудбалскиот клуб Пелистер. 

<<< - ПОВРЗАНО - Вардарци недолично славеа титула: Се огласи и Министерството за спорт! (ВИДЕО)

Битолскиот клуб преку социјалните мрежи го осуди навредливото однесување од страна на играчите на Вардар. Пелистерци посочија дека почитта мора да биде над ривалството нарекувајќи ја прославата примитивна.

„Најостро ги осудуваме навредливите и понижувачки пораки упатени кон жените од Битола за време на прославата на титулата на ФК Вардар, како и во т.н. извинување на нивниот прв човек. Фудбалот треба да обединува, да слави спортски дух и успех, а не да биде простор за ширење омраза, сексизам и навреди.

Ниту една прослава не смее да биде оправдување за деградирање на жените, навредување или ширење примитивизам. Ваквото однесување не е навивачка страст, туку срам за спортот и за општеството.

Почитта мора да биде над ривалството. Да навиваме со срце, но и со достоинство“, стои во објавата на пелистерци.

За оваа случка ФФМ најави дека Дисциплинската комисија ќе отвори постапка и ќе се разгледа за потенцијални казни.