Пелистер слави на тестот против локалниот ривал Новаци

Фудбалерите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и славеа во пријателскиот натпревар против локалниот ривал Новаци со 2-1. 

Битолските „зелено-бели“ дојдоа до победата преку погодоците кои ги постигнаа Андреј Силјановски и искусниот Борче Маневски. Новаци пружи отпор, меѓутоа капитулира пред поквалитетниот ривал кој има прволигашки амбиции. 

Пелистерци најавија дека последниот контролен натпервар го играат в сабота против Вардар Неготино. Во првото пролетно коло на 18 февруари следниот викенд Пелистер ќе се судри со Беласица, додека Новаци оди на мегдан со Арсими.