Пелистер се враќа под општинската капа, старт на подготовките в петок

Фудбалскиот клуб Пелистер и официјално се враќа под водство на Општина Битола, откако приватниот сопственик ги подари акциите на градот. 

„Зелено-белите“ имаат полусезона за заборав, последни се во Првата македонска фудбалска лига и опстанокот е сериозно загрозен. Сепак, со нови сили во вториот дел од сезоната Пелистер ќе се обиде да се избори со конкуренцијата. Фановите и приврзаниците на клубот долго чекаа разврска на ситуацијата, а потезите на новата управа ќе бидат познати во наредниот период.

Тренерот Горан Ганчев ќе го поведе тимот веќе утре, на официјалниот старт на подготовките. Битолчани мора да го консолидираат својот фудбалски колектив кој има богата историја и традиција, па така се очекуваат засилувања во таборот на Ганчев. 

По 18 одиграни натпревари Пелистер е последнопласиран со пет бода, над нив се наоѓа Борец со 12, три повеќе има Тиквеш, на деветтото место со 20 е Скопје, а прв „безбеден“ е Работнички со 22 бода.