Пелистер се пофали со вториот Бразилец: Фернандо позираше во зелено-белиот дрес!

Во пресрет на продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Пелистер престави уште едно засилување во својот ростер.

Нов член на битолските „зелено-бели“ е Фернандо Карваљо од Бразил. 29-годишниот бразилски интернационалец стави потпис на едногодишен договор со Пелистер. 

Во Битола тој доаѓа од екипата ја Порто Велхо која настапува во бразилската Серија Д. Фернандо настапува на позицијата офанзивен играч за врска и со неговиот потпис Пелистер го затвори ростерот за есенските предизвици во домашниот шампионат. Фернандо ќе биде втор Бразилец во Пелистер, откако во Битола се врати Лукас Кардозо.

Во петтото коло од ПМФЛ пелистерци на свој терен ќе го пречекаат шампионот Струга Трим Љум.