• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер пристигна во Турција каде ќе ја темпира формата за продолжението од сезоната во ПМФЛ каде целта е опстанок.
Со цел да се воигра тимот, во Анталија, Пелистер договори три контролни натпревари преку кои ќе ја бруси формата.
20.01 – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24.01 – Пелистер – Железничар (БиХ)
28.01 – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)
Во меѓувреме клубот ќе го дефинира играчкиот кадар и ќе ги претстави новите засилувања. Првиот официјален натпревар ќе биде одигран на 7 февруари 2026 година во Битола против Работнички.







