Пелистер позајми играч од клуб од српската Суперлига

Средниот ред на Пелистер во вториот дел на сезоната во Првата фудбалска лига ќе биде посилен за Лука Милојевиќ, српски фудбалер за врска, кој доаѓа во Битола на позајмица од Раднички Крагујевац.

Се работи за 22-годишен фудбалер, кој во првиот дел на сезоната одигра 17 натпревари на позајмица во Вршац. Се работи за енергичен и поливалентен фудбалер, за кој се смета дека ќе биде од голема помош за остварување на целите.

Милојевиќ веќе е во Битола и ќе им се придружи на своите нови соиграчи во тренажниот процес.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.