Пелистер потпиша со уште еден играч пред стартот на Втората лига

Пелистер продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Ново име во редовите на битолскиот клуб е Кире Стојанов, кој потпиша договор со „зелено-белите“.

Станува збор за 20-годишно лево крило кое пристигнува од Брера Струмица, каде што настапуваше во изминатиот период и важи за еден од перспективните млади фудбалери на својата позиција.

Со ангажманот на Стојанов, Пелистер дополнително го засилува ростерот пред стартот на сезоната, во која битолчани ќе ја имаат улогата на еден од главните фаворити за освојување на врвот и враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.