• Мартин Танасковски
Екипата на Пелистер со пораз го заврши циклусот на контролни натпревари пред стартот на новата сезона, откако денеска беше совладан од албанскиот Поградец со 4-2.
Битолчани одиграа израмнето прво полувреме и на паузата се замина со резултат 1-1. Стрелец на погодокот за Пелистер во првиот дел беше Христов.
Во продолжението беа постигнати уште четири гола, а Поградец успеа да ја искористи својата ефикасност и да стигне до победата. Вториот погодок за Пелистер беше дело на Талевски.
Пелистер во новата сезона ќе игра во Втората лига, а важи за прв фаворит за промоција.







