ВИДЕО: Пелистер на „прволигашки погон“ им се врати на победите во ВМФЛ

Екипата на Пелистер им се врати на победите во Втората лига-Запад, откако на домашен терен со 3-1 славеше над повратникот меѓу второлигашите, Дрита од Боговиње.

Дуелот на некогашните прволигаши во Битола мина во доминација на „зелените“, а Дрита имаше блесок само кога изедначи. Стрелци за победникот беа играчите кои некогаш беа во прволигашкото друштво - Антонио Бујчевски, Борче Маневски и Благоја Љамчевски.

На останатите натпревари од второлигашката конкуренција во Западната лига, Гостивар со 2-0 беше подобар од Велазерими, Кораб со идентичен резултат го совлада Охрид (2-0), Лабуништа дојде до минималец со Вардар Форино (1-0), а дуелот Кадино - Скопје заврши во полза на гостите (0-1).

За екипата на Дрита, поразот од Пелистер беше прв овозезонски неуспех. „Зелените“, пак, ја забележаа втората радост и се вмешаа меѓу најдобрите во ВМФЛ-Запад.