• Мартин Танасковски
Екипите на Пелистер и Работнички ги одиграа последните пријателски натпревари пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Пелистер се соочи со Новаци и успеа да слави со убедливи 4-0 (2-0). Во првиот дел реализираа Ристевски од пенал и Керим, додека во второто полувреме стрелци за екипата на Захариевски беа новите засилувања Такахара и Тарасенко. „Зелените“ така му вратија на ривалот за изненадувачкото реми во првото пријателско соочување на овие подготовки.
Работнички, пак, одигра нерешено против второлигашот Кожуф (1-1). Станиќ користеше комбиниран тим, на сите играчи им даде шанса. Гостите од Гевгелија поведоа преку Стојанов во 8. минута, додека прволигашот израмни преку Гандо Биала во 49. минута.
Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) продолжува следниот викенд.