• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер забележа многу убедлива победа и му даде двоцифрен број голови на Тетекс (11-0), со која направи напредок на табелата во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
- Пелистер - Тетекс 11-0:
„Штофарите“ оваа сезона играат ужасно и се едни од главните кандидати за испаѓање заедно со Борец. Изданието во Битола беше незадоволително, а бројот на головите поразителен. Искусниот Борче Маневски даде хет-трик, а по еднаш погодија Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумовски, Фазлиу, Трајковски и Здравевски.
Борец на домашен терен со 0-3 загуби од Каменица Саса. Детонит Плачковица на домашен терен со три гола разлика ја доби Беса (3-0), додека мечот Караорман - Локомотива Пехчево заврши без победник (1-1).
- Караорман - Локомотива Пехчево 1-1:
- Детонит Плачковица - Беса 3-0:
- Борец - Саса 0-3:
Актуелниот лидер Вардар исто така ремизира со Беласица (1-1). Имаа домаќините водство со голот на Кире Маркоски, но струмичани со бод си заминаа од Скопје.
Така, Гостивар го презеде врвот во ВМФЛ со 30 бода, пред Вардар со 29 и Воска Спорт со 27 бода.