Пелистер комбиниран прими осум гола од Паниониос

Пелистер го одигра првиот контролен натпревар во рамките на летните подготовки, но битолскиот второлигаш претрпе убедлив пораз од грчки Паниониос со 8-0.

Новиот тренер Христов го искористи пријателскиот натпревар за да им даде можност на сите фудбалери што ги има на располагање, а минутажа добија и неколку таленти од младинската школа, кои беа приклучени на подготовките на првиот тим.

Иако резултатот е убедлив во корист на грчкиот состав, стручниот штаб на Пелистер повеќе беше насочен кон проверка на формата, воигрувањето на тимот и распределбата на минутажата, отколку кон самиот резултат.

За битолчани ова беше прва контрола во подготвителниот период, а во наредните натпревари се очекува тимот постепено да ја подигнува формата пред почетокот на новата сезона.