Пелистер ќе го задржи костурот на тимот, наскоро конкретни имиња и засилувања

Неколку македонски прволигаши ги започнаа подготовките за новата сезона, а некои ги дефинираат своите тимови за сезоната 2024/25. Новиот член на Првата фудбалска лига (ПМФЛ), битолски Пелистер, започна со перфекционирање на ростерот за првата сезона по враќањето во елитата. 

Спортскиот директор Ванчо Мицевски ги објасни следните чекори на клубот од Битола.

„Првата цел ни е да го задржиме костурот на тимот кој се пласира во ПМФЛ. Веќе разговараме со фубалерите и оптимист сум дека ќе ги задржиме клучните фудбалери кои ни го донесоа овој успех. Потоа нашата цел е да се засилиме во сите линии и наскоро ќе ги повлечеме и овие потези и очекувајте конкретни имиња.

Го дефинираме буџетот за следната сезона и деталите околу подготовките“, рече Мицевски.

Подготовките се планирани да започнат во последната недела од јуни. 

Пелистер по двегодишен настап во ВФМЛ се врати во елитната категорија, освојувајќи го второто место, веднаш зад второлигашкиот шампион Беса