• Горан Упале
Битолски Пелистер се пофали со уште две нови засилувања во својот ростер и ги официјaлизира Александар Катаниќ и Фернандо Карваљо.
Битолскиот клуб на последниот ден од преодниот рок во Првата македонска фудбалска лига успеа да договори уште две нови имиња од кои се очекува значително да ја зголемат конкуренцијата во тимот на Костов. И двајцата играчи следната недела ќе бидат презентирани пред битолската публика.
Катаниќ е 29-годишен напаѓач, кој во својата кариера има собрано искуство во неколку клубови. Негов последен клуб пред да пристигне во Битола е Балзан од Малта, а уште настапуваше за Бачка, Старо Бановци, Лозница, Телеоптик, Бежанија и Металац, како и за Хонка од Финска. Србинот има искуство и во ПМФЛ, затоа што во сезоната 2022/23 настапуваше за Силекс и на единаесет натпревари постигна четири гола.
Карваљо, пак, е 29-годишен фудбалер кој може да одлично да одговори на повеќе позиции во офанзивата.