Пелистер ја прекина црната серија во ПМФЛ, во Битола „падна“ Победа

Пелистер гол

Екипата на Пелистер ја прекина серијата од шест натпревари без победа во ПМФЛ и славеше на домашен терен против прилепска Победа (2-1). Пелистерци одиграа одлично прво полувреме, кое се покажа како доволно за освојување на сите три бода.

Захариевски му даде доверба на Серафимов во одбраната, а Бубања се определи да го пресели Ристевски на десен бек, за Хумбатов да биде партнер на Крстески во одбраната. Мечот започна изедначено, прилепчани одлично парираа половина час, а зрели шанси воопшто немаше.

Баже Илијоски не успеа од гужва во 10. минута, а Ристе Маркоски се одлучи на удар од далечина во 21. минута, но биеше крај дирекот. Резултатот беше отворен од прекин во 34. минута. Љамчевски изведе корнер, а Лукас небранет од никого од 5-6 метри со глава го матира Талески (1-0).

Не минаа ни десет минути, а Илијоски побегна по десната страна, центрираше по земја, прилепската одбрана не расчисти и Лукас ја пласираше топката во небранетата мрежа за 2-0 на полувреме.

Прилепчани нападнаа на стартот ов вториот дел, а домаќинот свесно ја препушти играта на својот противник со оглед на високата предност. Мустафов ја имаше најзрелата шанса, но неговиот удар заврши за малку крај дирекот.

Пелистер преку Лукас и Пеев имаше големи шанси за трет гол и разрешување на дилемите, но Талески ја остави Победа во мечот. Бубања го внесе Маневски и во самиот финишот гостите го направија натпреварот поинтересен. Победа со утешен погодок на Маневски во 89. минута намали на 2-1. Резервистот прими една долга од десната страна и пласираше крај истрчаниот Јовановски.

Сепак, на крајот заслужено се радуваа зелените, кои ја прекинаа серијата од шест натпревари без победа.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 28 19 6 3 59:19 40 63
2 ВардарВардар 28 14 9 5 30:17 13 51
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 27 14 5 8 32:21 11 47
4 РаботничкиРаботнички 1 28 11 6 11 36:39 -3 39
5 РеноваРенова 1 28 9 9 10 34:35 -1 36
6 ШкупиШкупи 1 28 10 6 12 27:29 -2 36
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 28 8 11 9 33:37 -4 35
8 СилексСилекс 28 6 10 12 19:35 -16 28
9 БеласицаБеласица 28 5 9 14 23:39 -16 24
10 ПобедаПобеда 27 5 5 17 20:42 -22 20