• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер се раздели со Димитар Капинковски и назначи нов тренер за понатамошниот дел од сезоната, тоа е поранешниот репрезентативец Милан Стојановски.
Стојановски, кој има 52 години, никогаш не работел како тренер во Македонија, а како играч го носеше дресот со државниот грб 26 пати и постигна еден гол.
Инаку, тој е роден и израснат во Србија, но од Македонија е по потекло по неговиот татко кој е од охридска Речица.
Последен клуб на Стојановски му беше ИМТ, а беше дел од Телеоптик и уште неколку други српски клубови.
На клупата на Пелистер, Милан Стојановски ќе дебитира во недела на роденденскиот натпревар против Динамо Букурешт.



