• Иван Димовски

Пелистер продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а битолскиот клуб денес потврди продолжување на соработката со тројца фудбалери.
„Зелено-белите“ постигнаа договор со искусниот Христијан Грозданоски, кој и натаму ќе биде дел од тимот и ќе треба да има важна улога со своето искуство.
Покрај него, нови договори добија и младите Христијан Стојановски и Габриел Крстевски. Двајцата веќе имаат настапи за првиот тим, а во клубот веруваат дека ќе продолжат да се развиваат и во иднина ќе бидат значаен дел од составот.
Во текот на вчерашниот ден пелистерци промовираа уште три важни потписи, бидејќи нови договори потпишаа и Кире Ристевски, Стефан Спировски, Натаниел Димовски и Јован Мрмачовски
