Пелистер го плати долгот кон Ковачев, симната суспензијата за трансфери

Екипата на Пелистер е слободна и ќе може да носи нови фудбалери за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Битолчани го подмирија долгот и им е симната суспензијата.

„Зелените“ не можеа да регистрираат нови фудбалери поради долг кон поранешниот дефанзивец Мартин Ковачев. Откако Пелистер ја исплати целосната сума кон фудбалерот, суспензијата е симната.

Прво засилување на Пелистер за настапот во ПМФЛ ќе биде повратникот Филип Миленковски. Но, не и последно, затоа што најавени се уште неколку нови играчи во следните денови. Пелистер ќе претрпи реконструкција, затоа што повеќето од првотимците кои играа лани си заминаа.

Предводник на Пелистер во новата сезона во ПМФЛ ќе биде Димитар Капинковски, кој со одличните резултати во минатата полусезона во елитата ја заслужи довербата. Новата сезона во мак-фудбалот стартува на 7/8 август.