• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер освои важни бодови и на теренот во Новаци славеше над Работнички (2-0) во дербито на некогашните прволигаши, сега во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
- Пелистер - Работнички 2-0:
„Зелените“ беа под притисок, но добро го совладаа и со триумфот над Работнички се вратија во горниот дел на табелата во второлигашкото друштво. Работнички, пак, го доживеа првиот пораз во сезоната.
Стрелци во победата на Пелистер беа двајца искусни фудбалери, тоа се Симеон Христов и Мартин Мирчевски. И двајцата дојдоа во Битола во летниот преоден рок. Двата погодока во мрежата на „романтичарите“ паднаа во првото полувреме.
Три бода во Втората лига освои и Брера Струмица, која исто така во дербито славеше над Македонија ЃП со минимални 1-0. Единствен стрелец на погодокот на натпреварот беше Ристовски Давид во првото полувреме.
Лидер на табелата по четири кола е Брера Струмица со 10 бода, ја следи ГФК Охрид со девет бода и меч помалку, додека Беласица и Пелистер имаат по осум освоени бода.





