• Горан Упале

Трите водечки екипи забележаа нови победи во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), па така ниту по 25. коло нема да има никакви промени во врвот на табелата. Беса останува лидер со шест бода повеќе од Пелистер, додека третопласираниот Детонит и понатаму има негатива од осум бода во однос на битолчани.
Фудбалерите на Беса до 21 овосезонска победа во шампионатот стигнаа откако на гостувањето кај Арсими славеа со сигурни 0-2. На полувреме разликата ја направи голот на Скендери, а победата ја потврди Маматриза на почетокот од последниот квартал од натпреварот.
Второпласираниот Пелистер ја продолжува победничката серија оваа пролет и го впиша осмиот триумф во низа. Во Битола со голот на Благоја Љамчевски од пенал во 67. минута совладан беше тимот на Охрид со минимални 1-0.
Три бода, исто така со минимален резултат, освои и екипата на Детонит Плачковица. Третопласираниот тим на табелата пред својата публика со 1-0, со голот на Бабунски, го совлада составот на Беласица.
Еден гол беше постигнат и во Неготино, каде домашниот тим на Вардар извојува триумф од 1-0 над Башкими.
Во битката за опстанок фудбалерите на Победа извојуваа многу важен триумф над Караормансо 0-2 и со тоа ја зголемија бодовната предност во однос на Осогово (прв во црвената зона) кој денес остана без бодови во Гевгелија.
Прилепчани со 0-2 славеа во Струга и сега имаат шест бода повеќе во однос на Осогово, кој во Гевгелија загуби со 2-0. Победа со два постигнати гола запиша и Скопје прптов Тетекс.
Во највозбудливиот натпревар во ова коло, екипата на Новаци ја продлабочи кризата во таборот на Саса и дома се врати со триумф од 1-3.