• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер се ослободи од двајца српски играчи во текот на зимската пауза, но донесе нов играч од соседството. Милан Србијанац е нов член на „зелените“ од Битола.
Се работи за 27-годишен играч кој игра на левата бековска позиција. Последен клуб му е Железничар Инџија, а беше дел и од Графичар, Слобода Ужице, Раднички Срем, Кабел Нови Сад, Феникс, Златибор.
Во Првата лига на Србија, Србијанац има над 150 настапи. Од националниот тим, бил дел само од У18-селекцијата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.







