• Саше Љолес

Искусниот македонски фудбалер, Кире Ристевски, официјално се врати во својот матичен клуб, Пелистер, каде се очекува да биде големо засилување за остатокот од сезоната.
35-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде одигра само четири натпревари во сезоната 2025/26, а претходно ги бранеше боите на Струга Трим Лум, Етникос Акна, Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Работнички, Славија Софија и уште неколку клубови од Македонија и од странство.
Во таборот на „зелено-белите“ се враќа после цели шеснаесет години. Пелистер продолжува со доведувањето нови засилувања за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска лига.
Ристевски ќе тренира со екипата и ќе биде дел од делегацијата која централниот дел од подготовките ќе ги реализира во Анталија, Турција.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








