• Иван Димовски

Предводникот на Бетис, Мануел Пелегрини иако има 68 години, на натпреварот против Елче покажа дека сè уште има фудбалско знаење и можности.
Во 55. минута една висока топка леташе кон клупата на Бетис, а Чилеанецот покажа неверојатен прв допир и прелесно ја смири топката. Тоа ги одушеви навивачите кои го поздравија потегот на 68-годишникот со овации.
Пелегрини ја забележа својата стота средба на клупата на Бетис, а неговиот тим лесно со 3-0 го совлада Елче на стартот на Примера.