Пеле: Како може Меси да го споредувате со мене, тој не е ниту меѓу најдобрите во историјата!

Легендата на фудбалската игра, Пеле, смета дека новинарите и навивачите никако не смеат да го споредуваат Меси со него, бидејќи тој бил далеку покомплетен фудбалер од аргентинскиот ас. 

78-годишниот бразилски великан вели дека еден фудбалер кој се потпира само на една нога, не може да се вметне меѓу најголемите во историјата на оваа игра. 

„Како може да споредувате некој кој бил добар со топката, давал голови со лева и со десна нога, па дури и со глава, со некој кој се потпира само на една нога, кој е еднонасочен и не дава голови со глава? Како е можно тоа? Кога мислите некој да го споредите со Пеле, тој мора да биде комплетен фудбалер, да игра во сите правци, да се служи со сите дозволени средства... Тоа можете да го правите само со Марадона, Кројф, Бекенбауер... тие беа фантастични играчи, а не Меси“, рече Пеле. 

Едсон Арантес до Насименто - Пеле, во својата богата кариера освои три светски круни со Бразил, постигнал над 1.000 гола, а во 1999 година ја доби наградата за фудбалер на векот.