ВИДЕО: Пеколно прво и неатрактивно второ - Борец и Работнички си поделија по бод во Велес! 

По двата порази во низа, новајлијата во Првата македонска фудбалска лига, Борец, конечно запиша бод на своето конто, откако на домашен терен одигра 1-1 против фаворизираниот Работнички, во рамки од првиот натпревар од седмото коло на мак-елитата. 

Мечот во Велес започна со офанзивен фудбал, двете екипи тргнаа мотивирано и решено да ги соберат трите бода, а по првата голема шанса Работнички поведе со 0-1. Во 13. минута по една одлична тимска акција, Кордоба доби топка со очи и од непосредна близина ја стресе домашната мрежа. 

Примениот гол не ги разниша фудбалерите на Борец, туку напротив ги мотивира да се покажат во што подобро светло пред својата публика. Пеев со мајсторски удар ја стресе пречката и го собра аплаузите од трибините, додека Ѓорѓи Ѓорѓиев во 23. минута ја донесе посакуваната домашна радост и со прекрасен погодок израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. До крајот на првиот дел расположениот Абаз имаше неколку пробиви по левата страна, но без посериозна закана кон гостинскиот гол. 

Пеколниот ритам во првиот дел наговестуваше атрактивен и отворен фудбал и во вториот, но темпото неочекувано спласна. Заморот како да ги совлада актерите на мечот, кои имаа по неколку свои моменти, но не успеаја да креираат посериозни закани кон противничкиот гол, па така поделбата на бодовите е нејреалниот исход од овој меч. Најсериозната шанса во второто полувреме ја имаше стрелецот на голот за Борец, Ѓорѓиев, кој во 91. минута од слободен биеше за малку покрај голот на „романтичарите“.

Седмото коло на Првата македонска фудбалска лига продолжува утре, за кога се закажани останатите четири натпревари. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 6 2 1 12:3 9 20
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 9 5 3 1 9:2 7 18
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 9 4 3 2 12:7 5 15
4 РеноваРенова 9 4 1 4 8:10 -2 13
5 ШкупиШкупи 9 3 4 2 9:7 2 13
6 ШкендијаШкендија 9 3 2 4 8:6 2 11
7 РаботничкиРаботнички 2 9 3 1 5 7:11 -4 10
8 СилексСилекс 1 9 3 0 6 9:13 -4 9
9 БорецБорец 1 9 2 2 5 7:15 -8 8
10 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 9 2 2 5 8:15 -7 8