ВИДЕО: Пеколниот спринт на Мората недоволен за Јуве, Ребиќ спаси бод за Милан

Големото дерби од четвртото коло во Серија А заврши без победник. Јувентус на домашен терен ремизираше против Милан (1-1), кој во завршницата беше подобар ривал и заслужено си замина дома со еден освоен бод.

  • Извештај од натпреварот: 

Многу рано беше постигнат првиот погодок на мечот. Алваро Мората предводеше една пеколна контра на домаќинот. Шпанскиот напаѓач не дозволи ривалите да го стигнат, па со рутински лоб удар ја погоди мрежата на „росонерите“ уште во четвртата минута (1-0).

Тоа го „умртви“ фудбалот во Торино, бидејќи по тој момент тешко се доаѓаше до голема шанса. Рабио ја имаше најзрелата, изби сам пред Мањан, но премногу чекаше и Томори стигна да му посмета. Следеа удари од дистанца на Дибала и Локатели и неколку мешаници по изведени домашни корнери. „Старата дама“ одлично се постави и избегна било каква опасност по својот гол до одморот. Гостите од Милано немаа речиси ниту една сериозна прилика, се до моментот кога Анте Ребиќ со глава искористи перфектен центаршут од корнер на Сандро Тонали (1-1). Преостанаа петнаесеттина минути, а Алегри веќе го замени повредениот Мората со Моизе Кин.

Хрватот Ребиќ можеше да стане херој на Милан, но неговиот силен удар заврши над пречката, само моменти по израмнувањето. Зрела шанса имаше и Калулу, кој влезе во игра во првиот дел наместо повредениот Кјаер. Французинот од втор план изби пред Шчешни, убаво биеше, но полскиот голман одби во корнер. Ниту влегувањата на Киеза и Бернардески не го сменија текот на финишот и уморниот Јуве едвај сочува реми.

Наполи на Елмас утре може да избие на врвот ако извојува победа во Удине против тимот на Илија Несторовски.  

Состави

Massimiliano Allegri

4-4-2

    Stefano Pioli

    4-4-2