ВИДЕО: Пеколен старт на „Енфилд“ - Вајналдум рано отвори, но Диоп го враќа Вест Хем во игра 

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед издржаа само девет минути на вечерашното дерби против лидерот Ливерпул, но експресно се вратија во игра на „Енфилд Роуд“.

„Црвените“ уште од самиот старт тргнаа фуриозно и отворено, а тоа резултираше со погодок во деветата минута, откако десниот бек Арналд испрати нов прецизен центашут кој овој пат го искористи Вајналдум со прекрасен удар со глава.

  • Голот на Холанѓанецот за радост на „Енфилд Роуд“:

Но, радоста на домаќините траеше само три минути, затоа што Диоп на асистенција на Снодграс израмни на 1-1. 

  • Голот на Вест Хем за израмнување во Ливерпул: 

„Чеканите“ на Дејвид Моус сонуваат сензација против лидерот, кој сè уште не знае за пораз оваа сезона во англиската елита.