Пеколен пат до врвот: Перфектни „седум од седум“ и петнаесет гола за заслужен трофеј!

Фудбалската репрезентација на Шпанија сосема заслужено го освои трофејот на Европското првенство. Во финалето „фуријата“ беше подобра од репрезентацијата на Англија, победувајќи ја со 2-1 со головите на Нико Вилијамс и Микел Ојарзабал.

Со својата игра уште во групната фаза Шпанците покажаа дека се еден од главните кандидати за освојувањето на трофејот. И низ нокаут фазата избраниците на Луис де ла Фуенте беа една од најдобрите селекции, а турнирот го завршија со седум победи во исто толку натпревари. Со петнаесет постигнати погодоци и само четири примени го завршија првенството фудбалерите од Шпанија.

Посебно импресивен е фактот дека патот до трофејот беше најтежок можен. Играа Шпанците во „групата на смртта“ против бранителот на тронот Италија, незгодната Хрватска и Албанија. Потоа во осминафиналето налетаа на нешто полесна задача во видот на Грузија. Кулминацијата веројатно беше во четвртфиналето и натпреварот со домаќинот Германија, кој Шпанија го доби по продолженија, а потоа со по 2-1 ги совлада најголемите фаворити Франција и Англија.

Нема сомнеж, преку таков пат трофејот добива дополнително на тежина, а во овој формат со 24 репрезентации ниту една селекција не минала слично патешествие.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Lee Carsley

    3-4-2-1