ВИДЕО: Пеколен финиш на баскијското дерби, Реал и Атлетик одиграа без победник

Реал Сосиедад и Атлетик Билбао одиграа без победник (1-1) во реваншот од финалето на Купот на Кралот, кое се одигра неодамна. Овојпат во дуелот од домашното првенство големите ривали од Баскија го поделија пленот. 

Се чекаше дури до самиот финиш за да ги видиме двата гола. Први се израдуваа гостинските фудбалери, кои поведоа преку Виљалибре, кој реализира прекрасно со глава за 0-1.

Само четири минути подоцна домашниот тим се спаси од пораз. Лопез шутираше од далечина и го матира голманот на Атлетик, за продолжување на кризата за екипата од Сан Себастијан.

  • Извештај од натпреварот: 

Според одиграното и креираните шанси, ремито е најправеден резултат на овој натпревар. Реал Сосиедад остана во пол-позиција за место во Лига Европа, а Атлетик Билбао не се помрдна од десеттото место на табелата во Примера.